Денес имаме 30.292 регистрирани жени земјоделки во ЕРЗС, над 9.000 повеќе, бележиме континуиран раст годиниве, сподели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
– Ова зголемување кај бројот на активните жени земјоделки не е случајчно. Тоа се должи благодарение на добрите мерки и политики, каде жената земјоделка е наш приоритет, а мерките се многубројни поддршка за рурална жена, млад земјоделец, поддршка на мал производител на храна и вино, и мерката бизнис план во земјоделството, додава тој.
-Имавме визија и покажавме дека можеме, затоа денес бележиме многу успешни земјоделски приказни. Жените земјоделки биле и ќе останат во фокусот на нашите политики, објави ресорниот министер Николовски.