Носителот на пратеничката листа во ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ, помеѓу другото е и осуден за условна казна од шест месеци за за нанесување на тешка телесна повреда, како што објави СДСМ во 2017 година, пишува порталот „Либертас“.

Тој во 2008 година бил правосилно осуден на условна казна од шест месеци, доколку во рок од две години не направи ново кривично дело, бидејќи заедно со уште еден соучесник нападнале едно лице и му нанеле тешки телесни повреди.

Кандидирањето на Мисajловски како носител на Изборната единица 2 од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски покажува дека малку што е променето во оваа партија од 11 годишното владеење на Никола Груевски. Одредени лица во партијата, како Мисајловски, кои беа послушни на Груевски и за возврат добиваа функции и фотељи, сега станаа послушни на Мицкоски и за возврат добиваат повисоки функции и поголеми фотељи, но начин на работа останува ист.