Јасмина Костеска Здравеска е обвинителката задолжена за предистрагата за медицинскиот отпад на „Еко клуб“ за кој Град Скопје објави шокантни видеја и фотографии како доказ дека човечки органи и инфициран медицински материјал несоодветно се уништува и дека е оставен на кучиња скитници да го користат како храна, пишува Нова.
Дали тоа што обвинителката Здравеска е назначена во предметот е причина плус преистргата да не може да заврши за два месеца по поднесената пријава, пред се затоа што прикажаните видео и фото материјали алармираат на скандал кој имал потенцијал да предизвика зарази кај вработените во „Еко клуб“, а некои кучиња можеби и се заразени со оглед на постојаниот пристап до крвта и органите.
ПАРТИСКАТА ПОСЛУШНОСТ НА СОПРУГОТ ЈА „ИЗБИРА“ СОПРУГАТА ЗА ОБВИНИТЕЛ
Која е Здравеска и дали навистина таа може намерно да ја опструира истрагата? Таа е сопруга на Вецко Здравески, тие се од Кичево. Сопругот беше член на Лустрациската комисија и беше задолжен за досието на писателот Славко Јаневски, кого и го лустрираа.
Потоа Здравески се пријави на конкурсот за член на Антикорупциска комисија, но таму не успеа да ги помине филтрите на независната комисија за избор на членови, за разлика од Лустрациска кога во ВМРО ДПМНЕ се избираа кадрите. Потврда за ова е и телефонскиот прислушуван разговор на Сашо Мијалков со Гордана Јанкуловска во кој прво се потврдува дека Вецко Здравески е партиски кадар, со учество на партиски состаноци, а клучното е дека поради неговата партиска послушност неговата сопруга, обвинителката Здравеска била избрана за јавна обвинителка во Основното обвинителство Скопје. Токму Мијалков и Јанкуловска договораат нејзин избор за обвинител.
СМ: Горде
ГЈ: Еј, кажи.
СМ: Таа што сме ја договориле ние тогаш, таа е таа од Кичево? (мисли на обвинителката Јасмина Костеска Здравеска Н.З.)
ГЈ: Ууу, ич не знам Сашо…
СМ: Маж и бил некој у Антикорупциска, некој што нé поддржувал?
ГЈ: Ааа, не у Антикорупциска, у Лустрациска да не беше? СМ: Како? ГЈ: У Лустрациска, не во Антикорупциска.
СМ: У Лустрациска?
ГЈ: Да.
СМ: Може да е.
ГЈ: Знаеш кој? Од Кичево оној, Вецко еден, така, помлад што е…(Вецко Здравески, сопруг на Јасмина Здравеска Н.З.)
СМ: Ние ја договривме таа тогаш, така?
ГЈ: Па таа ја квалификувавме како наша.
СМ: Епа, ај да не мењаме, тогаш ќе идеме со таа, па оваа ќе ја остаиме за следниот пат.
ГЈ: Наша е, да го видиш, ќе ти текне на човекот.
СМ: Ако нé поддржава тој таму во Антикорупциска…
ГЈ: Во Лустрациска…
СМ: Во Лустрациска, ма да таму не знам што се поддржава…
ГЈ: Абе, знаеш таму луда ванда се, ама тие се тие за наши што ги рачунаме. Тој шо е најмлад, еден црн, така, со брада, на состаноци шо доаѓал, тој најмладиот, таа му е жена на него.
СМ: Епа ајде тогаш да ја стаиме таа, а наредната да биде оваа Кожовска и готово.
ГЈ: А, наредниот пат оваа на може и така, ок.
СМ: Пошто Марко вика, ако му е сестра, он си ја знае, ќе си ја земеме кај нас.
Разговорот е на 19мин и 32 сек од овој сет разговори објавен во кампањата “Вистината за Македонија”
ОБВИНИТЕЛКАТА ИМА ВИДЕО, ФОТО, СВЕДОЦИ И УЧЕСНИЦИ ВО УЖАСОТ
Дали поврзаноста на обвинителката со ВМРО ДПМНЕ преку сопругот е причина таа во јавноста да изнесува неточни податоци. Имено од основното обвинителство за медиумите постојано ја повторуваат истата изјава, дека случајот е пријавен на 13-ти декември и дека немало пропратен доказен материјал, но дали е така? Прво, обвинителката до сега морала да ги има видејата и фотографиите затоа што инспекторот Мирослав Богдановски кој на дело ги улови работниците на „Еко клуб“ како на погрешна машина третираа отпад и наместо да го уништат само го сецкаат, има писмена потврда дека минатата недела, или пет дена пред прес конференцијата, во плико доставил ЦД со снимените материјали.
А покрај тоа обвинителката има и двајца сведоци. Што ли чека два месеца покрај сето ова?
Како одат редоследно настаните и зошто Државниот инспекторат интервенирал два дена потоа? Прво откривањето на ужасот се случил на 10-ти декември во 23 часот. Утредента, на 11-ти декември инспекторот Богдановски пријавил кај градоначалникот Шилегов, кој бил на службен пат до 12-ти декември. Ден потоа, на 13-ти декември заедно пријавуваат во Државното обвинителство од каде ги препраќаат во скопското. Дента кога пријавувал, Богдановски ги посочил фотографиите и видеото, но за нив Здравеска воопшто не пројавила интерес, дури не ги ни преснимила, иако тоа се клучните докази за хаосот со инфицираниот отпад. По 48 дена од пријавата, или поточно на 31 јануари, откако Богдановски увидел дека обвинителката нема абер да го повика за доказите, ниту пак да му се јави на Јанакиевски да го испраша за случајот, самиот ги преснимил фотките и видеото на ЦД и го предал во архивата на обвинителството, затоа што решил информациите да ги сподели со јавноста, па сакал претходно да ги има и обвинителката, пред да ги види публиката. И на крајот, обвинителката има двајца сведоци за настанот, инспекторот и еден општински советник, чии искази можат да потврдат каква ситуација затекнале во „Еко клуб“. Покрај сведоците, до сега обвинителката можеше да има обезбедено искази од Јанакиевски, кој за Нова ТВ тврди дека не бил повикан воопшто, но и од работниците кои биле фатени како го сецкаат медицинскиот отпад и го пренесуваат во несоодветен камион за комунален смет без никаква заштитна опрема. Што значи дека овие два месеца залудно се поминати кога главните актери во случајот не дале исказ и кога инспекторот бил принуден сам да ги предаде доказните материјали.
Целиот текст на линкот тука