Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (01/02.04) на територијата на државата на 59 лица им се издадени решенија за изолација, а 224 лица потпишале изјава за самоизолација. Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е дека само во еден случај едно лице што било во самоизолација не е затекнато во својот дом.
По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 72 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни поднесоци.