Околу 15 часот, денес, во скопските гимназии „Ѓеорги Димитров“ и „Никола Карев“ стигнале закани за наводно поставени бомби.

Учениците се евакуирани.

Полицијата ќе врши антитерористичка проверка.

Продолжуваат и оваа недела заканите за поставени бомби низ учлиштата во Скопје, а во претходните денови закани имаше и во други градови.

Вчера имаше дојави во 19 училишта.