Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски со членовите кои треба да ги предложи за највисокото партиско раководство, ветува нова енергија во СДСМ.
Од партиски извори Нова дознава дека во новиот Централен одбор на партијата, влегуваат Мишко Ралев професор и декан на факултет за архитектура и дизајн, како актуелен претседател на Асоцијацијата на архитекти.

1

Во ЦО на СДСМ влегува и Леонид Наков професор на Економски факултет.

2

Изборот на Ковачевски за ново партиско раководство е составено од различни профили на личности, односно СДСМ во највисоките структури ќе добие повеќе општествено познати и признати личности. Лидерот на СДСМ, Ковачевски утре на ЦО треба да го претстави новото раководство на партијата, како и неговите предлози за министерските и заменичките позиции во новата Влада.