Новинарката Катерина Гетева во Министерството за здравство е ангажирана како одговорна на Секторот за односи со јавноста, соопшти Министерството.

Министерството, како што посочуваат, нема портпарол, а сите изјави како и досега ќе ги даваат министерот Венко Филипче, како и останатите раководители на Клиники и институции во склоп на Министерството.