Новиот Буџет на Министерството за транспорт и врски за 2023 година изнесува околу 324 милиони евра што е за 135 проценти зголемување од оваа година, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

За следната година, како што најави премиерот, за Министерството за транспорти врски има развоен буџет со крупни инфрастурктурни капитални пректи кои значат поттикнување економски раст.

Буџетската каса, информира Ковачевски, е проектирана за реализирање на крупни капитални проекти како што се изградба на автопатот на Коридор 8 и Коридор 10 Д, изградба на железница на Коридор 8, изградба и санација на локални патишта во општините, гасификација, изградба и реконстуркција на водоводни и канализациони мрежи, субвенции за нови авиолинии, како и подобрување на транспортот на граничните премини.

– Интензивно работиме на изградба и реконстуркција на главните патни делници во земјава и тоа е наш приоритет и во наредната 2023 година. Најголемиот дел од средствата, односно 308 милини евра се наменети за реализација на капиталните проекти што е за 163 проценти повеќе од оваа година, информира Ковачевски.

Во 2023, појасни, продолжува изградбата на автопатите на Коридор 8 за што се предвидени 244 милиони евра, а очекувањата се следната година да заврши изградбата на автопатот Кичево – Охрид.