Министерството за правда и Националната Конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија денеска потпишаа меморандум за соработка во рамки на Петтата пленарна сесија на Национална конвенција за ЕУ во Северна Македонија, што се одржа во Собранието.

Потпишувањето на меморандумот, беше посочено, е само уште една потврда на долгогодишната успешна соработка што Министерството за правда го има со Националната конвенција, круна на процесот што резултираше со исклучително корисен дијалог и сеопфатни дискусии посветени на евроинтеграциските прашања на сите релеватни чинители: државни институции, граѓански сектор, академска заедница и други.

На потпишувањето на меморандумот беше истакнато дека соработката со оваа значајна плафторма која ги обединува сите субјекти на европскиот пат, ќе продолжи и во иднина, а Министерството за правда, како и досега, внимателно ќе ги разгледува препораките за подобрување на состојбите во законодавството и праксата давајќи го својот максимум за подобрување на условите за работа на правосудните органи, а со тоа и за подобрување на пристапот на граѓаните до правда и зголемување на правната сигурност на сите.