Членот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски дал документи од МВР со цел да бидат објавени на социјалните мрежи за да бара 50 илјади евра, објави Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за обезбедувачот кој заврши во притвор за одавање на службена тајна од користољубие. Сепак тврдат дека ниту лицата, ниту документите во овој предмет не се поврзани со лицата од нарко-групата Грчец.

Француската опозиција повика на масовни протести во текот на викендот поради пресудата на Марин Ле Пен
-Осомничениот како службено лице, вечерта на 30.3.2025 година на паркинг просторот пред хотел во Велес се сретнал со неповикано лице – сведок во постапката и му покажал службени документи на МВР, што претставуваат службена тајна. Притоа му дозволил на сведокот истите да ги снима, кажувајќи му кој документ за што се однесува. На овој начин, осомничениот од користољубие, а со цел да бидат објавени на социјалните мрежи, сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите – соопшти Обвинителството.

Обвинителот побарал притвор, а судија на претходна постапка му одреди триесетдневен притвор на осомничениот и тој е веќе во Шутка.

За ова кривично дело е предвидена затворска казна од најмалку една година и нема одредено максимум, па затворската казна може да се движи и до 20 години.