Триесетишест годишниот А.К. од Скопје заработи кривична пријава од СВР Скопје за обид за убиство. Според полицијата до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против А.К. откако на 22.02.2024 околу 14.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од постапувајќи по претходна пријава дека околу 14.00 часот во угостителски објект на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје пукал во Е.С. и му нанел повреда во ногата.