Од страна на Министерството за надворешни работи на Србија, македонската амбасада во Белград доцна синоќа беше информирана дека на 1 ноември, во Нови Сад, при пад на настрешница, животот го загубил В.С., роден 1979 година, државјанин на Република Северна Македонија.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку македонската амбасада во Белград, останува во директна и редовна комуникација со српските власти во врска со конкретниот случај и за сите дополнителни информации јавноста ќе биде навремено информирана, стои во соопштението на МНР.