ЈАВЕН ОГЛАС

1. За прием на 150 (сто и педесет) професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Армијата) за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 4 (четири) години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст по избор согласно закон.

2. Кандидатите за прием на професионални војници на служба во Армијата од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови:
– да се државјани на Република Северна Македонија;
– да се полнолетни и
– да имаат посебна здравствена и физичка способност.
Посебни услови:
– да имаат завршено средно образование;
– да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

3. Работното време е од 08,00 часот до 16,00 часот.

4. Платата изнесува над 27.000,00 денари, со дополнителни над 10.000,00 денари трошоци за станбено обезбедување.

5. Лицата кои се здравствено осигурани и ќе приложат потврда издадена од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во Армијата, нема да подлежат на почетни проверки за поседување на општа здравствена способност.

Лицата кои не се здравствено осигурани и согласно тоа, не се во можност да достават потврда од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во Армијата, ќе бидат испратени на проверка на општата здравствена способност на Институтот за физиологија при Клинички центар – Скопје.
6. Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана.

Кандидатите кои претходно се пријавиле на јавниот оглас за прием на професионални војноци и успешно ги поминале сите фази во постапката согласно Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Северна Македонија, а не биле примени на служба во Армијата, не подлежат на проверка за физичка подгответонст и на здравствени прегледи, доколку од последните проверки односно прегледи на кандидатите, не поминале повеќе од девет месеци.
Кандидатите кои ќе подлежат на тестови за проверка на физичката подготвеност, истите ќе се спроведат согласно Правилникот за начинот на одржување и проверка на физичката способност на активниот воен персонал на служба во Армијата („Службен весник на Република Македонија“ бр.147/21) достапен на следниот линк: https://www.mod.gov.mk/test/pravilnik-za-nacin-i-odrzuvanje-na-fizicka-sposobnost-za-sluzba-vo-armijata-na-aktiven-voen-personal/ – Преземи.

Кандидатите кои ќе подлежат на здравствени прегледи за проверка на посебната здравствена и физичка способност, истите ќе се спроведат согласно Правилникот за мерилата за оценување на посебната здравствена и физичка способност на воениот персонал за служба во Армијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/11) достапен на следниот линк: https://www.mod.gov.mk/inc/uploads/2018/01/Pravilnik-psihofizicka-sposobnos-.pdf – Преземи.

Минималната висина на кандидатите за професионални војници да не изнесува под 160 см, а максималната висина да не надминува 200 см.
Телесната тежина на кандидатите да не надминува 30% од идеалната тежина (идеална тежина = висина – 100 за мажи, односно висина – 110 за жени) и да не изнесува под 20% од идеалната тежина, што се пресметува согласно критериумите утврдени во Правилникот за мерилата за оценување на посебната здравствена и физичка способност на воениот персонал за служба во Армијата.

7. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.

8. Министерството за одбрана ги повикува и охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават на јавниот оглас за прием на професионални војници во Армијата.

9. Јавниот оглас за прием на професионални војници ќе трае 15 дена вклучувајќи го денот на објавување, во најмалку два дневни весници од кои најмалку во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и интернет страната на Министерството за одбрана.

10. При пријавувањето на јавен оглас, кандидатите треба да ги приложат следните документи и податоци:
– Пријава за кандидати за професионални војници на служба во Армијата (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијата за одбрана);
– Своерачно пополнет Прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точноста на дадените податоци (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијата за одбрана);
– Фотокопија од документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа);
– Диплома за завршено средно училиште;
– Потврда издадена од матичен лекар за општа здравствена способност, за непостоење/постоење на минати и сегашни болести, како и за примање/непримање на хронична терапија за лица кои се здравствено осигурани, а кој податок се должни да го наведат во пријавата за пријавување на кандидати за професионални војници на служба во Армијата;

11. Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават преку електронска пошта во Министерството за одбрана [email protected] со задолжително приложување на документите и податоците наведени во точка 10 од овој Оглас во скенирана форма. Пријавата и прашалникот може да се преземат од интернет страната на Министерството за одбрана mod.gov.mk/професионални-војници/.
Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават и во Одделенијата за одбрана на Министерството за одбрана во или блиску до местото на живеење.

12. Кандидатите кои аплицирале на претходните огласи за прием на професионални војници, но не биле избрани и не ги подигнале документите од Одделението за одбрана во местото на живеење, доколку имаат интерес за повторно аплицирање согласно условите во точка 2 од огласот, потребно е да достават само пријава и потврда од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност.

13. Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.

14. Кандидатите за професионални војници кои успешно ќе ги поминат сите предвидени проверки по фази, согласно Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата („Службен весник на Република Македонија“ бр.57/18) и тоа:
– проверката на податоците кои кандидатите ги изнеле за вистинити,
– проверката на физичката подготвеност,
– проверката на посебната здравствена и физичка способност,
се ставаат на листа за избор и прием на професионални војници на служба во Армијата.

15. Кандидатите за професионални војници кои ќе бидат примени на служба во Армијата и повикани во Министерството за одбрана за потпишување на договор за работа со себе треба да ги носат следните документи:
– диплома за завршено средно образование (оригинал или копија заверена на нотар);
– уверение за државјанство;
– извод од матична книга на родените;
– уверение дека не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);
– важечка лична карта и 2 (две) фотокопии од лична карта на кои треба да биде напишана општината во која се со место на живеење;
– трансакциска сметка;
– ако кандидатот бил во работен однос да достави лист за одјава со затворен датум во фирмата каде работел (образец М-2), или
– потврда дека не е во работен однос издадена од Агенцијата за вработување.

16. Со избраните кандидати Министерството за одбрана ќе склучи договор за работа во траење од три месеци, во кој период влегува основна војничка обука, а по чие успешно завршување со лицето се склучува договор за работа од четири години, согласно точка 1 од овој оглас.
За времетраење на основната војничка обука, лицето кое ќе биде примено како професионален војник на служба во Армијата ги остварува сите права и обврски од работен однос согласно со овој закон.

17. На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министерството за одбрана како професионални војници на служба во Армијата, документите со писмено известување ќе бидат вратени преку Одделението за одбрана во местото на живеење, каде што биле поднесени.