За среќа и насмевки на најмладите во пресрет на новогодишните празници, денес градоначалникотна Крива Паланка Сашко Митовски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, поделија новогодишни пакетчиња за учениците од подрачните училишта во руралните средини, кои се израдуваа и на подароците и на звуците од музичкиот фестивал “Распеано симитче”.
– Детската среќа е наша обврска. Од Крива Паланка денес и официјално тргна караванот “Подари среќа” на МТСП што ќе трае во деновите до Нова година. Ги посетивме и најмладите од детската градинка “Детелинка”, а со министерката Тренчевска внимание и грижа укажавме и на десетина семејства од ранливи категории од општината, на кои во рамки на караванот, во соработка со МЦСР Крива Паланка, им беа доделени пакети со храна и намирници во пресрет на новогодишните и божиќни празници. Сите заслужуваат да ги дочекаат празниците во радост и среќа, порача Митовски.