Предлог план за намалување на мерките кој ќе се одвива во неколку фази, најави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој, предлогот е донесен од страна на комисијата за заштита од заразни болести, врз основа на повеќе параметри кои го овозможуваат таквиот чекор.

Планот предвидува неделава да се отворат центрите, а обука и семинари на возрасни, авто школи, спортски тренинзи на отворено, за индивидуани спортови, тенис, спортски обложувалници и неугостителски шалтерски дејности и затворените трговски центри, односно моловите.

Притоа, нагласи Филипче, остануваат во сила задолженијата за социјална дистанца и заштитни маски.

По увид во новата епидемиолошка анализа би можело да се разгледува отворањето на угостителските објекти, а неделата потоа и игрите на среќа и спортовите во затворен простор.

Предлогот на Комисијата, преку Министерството за здравство ќе биде доставен до Владата.