Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,41% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати.
Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денари за литар и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 65,50 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 57,50 ден/лит.
За 1,00 денар/литар се намалува малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и сега ќе изнесува 67,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,50 денар/литар и изнесува 46,00 ден/лит.
Мазутот М-1 НС се намалува за 2,028 ден/кг и со тоа малопродажната цена ќе изнесува 32,894 ден/кг.
Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените се референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот, информираат од Регулаторна.