Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,52% во однос на одлуката од 1.4.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,184%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 3,802%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,795% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,242%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,382%.

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 78,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 45,173 (денари/килограм)

Од 9.4.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,00 ден/лит

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,286 ден/кг.