На 23.04.2021 се одржа експертски состанок помеѓу претставници на делегацијата на Европска Унија и Царинските служби на Република Северна Македонија и Косово на кој беше разгледана можноста за воведување на концептот ONE STOP SHOP и на граничниот премин Блаце.
Царинската управа продолжува со спроведувањето на проектите за заеднички контроли на границите – One stop shop, мерка со која се намалува можноста за царински измами, поради непосредниот увид во комерцјалните документи кои ја следат стоката, а со тоа се намалува можноста за корупција и се зголемува стабилноста и сигурноста во целиот регион.