Лидерите на трите партии што треба да формираат нова германска влада денеска потпишаа коалициски договор според кој Олаф Шолц е новиот канцелар на Германија.

Тиe се договориле да формираат нова влада во која Олаф Шолц, актуeлниот министер за финансии, ќе ја наследи Ангела Меркел на местото нов лидер на земјата.

Трите партии, кои заедно се познати како семафор коaлиција поради нивните бои (црвена, жолта и зелена), денеска во Берлин треба и официјално да објават за постигнатиот договор.