“Нема да говориме за морал и етика, туку само ќе прашаме:
-Дали Џими успеа за само неполни 2 часа да ја побие приказната за себе со прекршувањето на полицискиот час и непочитувањето на мерките за заштита од зараза со Ковид 19? Со тоа, најпрвин ја стави на ризик својата фамилија, најблиските и секако домаќините на приложената фотографија?
-Дали Димчо Атанасовски Џими не го почитува ни својот партиски министер?
-Дали Димчо Атанасовски Џими и друштвото го прекршиле полицискиот час? (Потсетуваме, од петокот до вторник изутрина беше полициски час.)
-Ако е така , дали ќе добијат пријави? Министре Наќе Чулев, се слушаме?
-Вака ли поранешен директор на основно училиште и претседател на политичка партија дава пример за одговорен човек? Вака ли се одржува социјална дистанца?” – прашуваат од Општинската Организација на СДСМ Македонска Каменица.