ВМРО-ДПМНЕ на расправата на Комисијата за здравство го обвини Филипче за хаос и побара оставка од него. Филипче им возврати: Со кој образ обвинувате, кога оставивте огромни долгови.

Расправата се вжешти кога опозицијата го нарече Филипче „кецарош“. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески му порача на министерот дека се консултирал со стручни лица, инфектолози од Прилеп и од други градови кои велеле дека дел од рестриктивните мерки кои треба да се донесат во Собрание биле задоцнети и нема да дадат резултати и дека требало да бидат донесени порано.

-Вие сте единствен пратеник што не носи маска овде на цела седница и вие ќе зборувате за мерките. Не носите маска овде на цела седница. Хроничните пациенти се целосно заштитени. На почетокот сите не одеа на работа, а сега со изјава од специјалист 6 месеци се ослободени, му одговори Филипче.

Филипче рече дека мерките се препорачани од сите земји на ЕУ и од СЗО и таму се имплементираат.

Биографијата на министерот за здравство Венко Филипче кого опозицијата го етикетираше како „кецарош“ може да ја погледнете на следниов ЛИНК.