Општина Крива паланка објави повик за бесплатно летување за деца од 7 до 14 години ученици од второ до деветто одделение во ООУ „Св.Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“ според Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2024 година на Општина Крива Паланка.
Општина Крива Паланка ги повикува сите деца кои потекнуваат од:
Семејства корисници на гарантирана минимална парична помош (социјална помош);
Семејства на самохран родители;
Деца без родители и родителска грижа;
кои ги исполнуваат критериумите наведени во овој јавен повик да достават пријава со цел стекнување на правото за користење на бесплатно летување.
Потребните документи може да ги најдете на следниов ЛИНК.
Лица за контакт:
Елена Христовска 072/251-031 Општина Крива Паланка
Марина Јакимовска Митовска 078/255-805 ООУ „Св.Јоаким Крчовски“
Маја Митровска 078/374-059 ООУ „Илинден“