Општина Струмица нема да има службен автомобил. Новиот градоначалник Костадин Костадинов, на социјалните мрежи објави дека Советот на Општината донел одлука, на негова иницијатива, службениот автомобил да биде продаден. Сретствата ќе се искористат следната година за проект за Младински културен центар.

Донесена е одлука на Совет на општина Струмица за продажба на службеното возило за градоначалникот! Средствата ќе бидат планирани во новиот буџет за 2022 година за проект за Младински Културен Центар. Ветено, сторено, напиша Костадинов на Фејсбук.