Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати честитики до Украина и Молдавија за почетокот на разговорите со Европската унија.

„Честитки до Украина и Молдова за почетокот на преговорите со Европската Унија.
Денес можеше да биде ден за славење и кај нас за отварање на поглавјата, но антиевропските темни сили држат во заложништво 2 милиони граѓани. Уште малку“, порача во напишаното Османи.