Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со новоименуваниот Резидентен претставник на УНДП во Република Северна Македонија, Армен Григорjан.

“Посебна благодарност за УНДП што игра значајна улога за поддршка на Северна Македонија во апликацијата за финансирање и донации за таканаречениот проект: „Зелена агенда за развој”, ставајќи ја Северна Македонија од 155 апликанти меѓу 12-те можни победници за добивање поддршка од Заедничкиот фонд на ОН за Целите за одржлив развој (ЦОР), заради промоција на Зелената агенда како важна развојна димензија на земјата”- истакна Османи.

На првата официјална средба, соговорниците разговараа и за имплементацијата на новата Програма за работа на УНДП (Country Programme Document-CPD) со Рeпублика Северна Македонија за периодот 2021-2025, за унапредувањето на целокупната соработка со канцеларијата на УНДП во Скопје, за имплементацијата на постоечките проекти во Северна Македонија, како и за натамошните заеднички чекори на УНДП и Владата во насока на имплементација на Целите за одржлив развој, согласно Агендата 2030 како и поддршката на земјата во ЕУ процесите.