Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 зборуваше околу спорот со соседна Бугарија.

Османи го оцени како „подвижна мета“ барањето на Бугарија, а додаде и дека сосема различни прашања биле од тие во месец октомври.

„Реално ова е подвижна мета, во текот на целиот овој период во однос на тоа што точно се бара. Сосема различни прашања беа кога отидов јас во октомври во Софија, на мојата прва посета откако станав министер“, порача Османи.