Пред вратата од домот на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари,бил оставен куршум, објави тетовската телевизија „Коха“.

Според фотографијата, може да се заклучи дека била повикана полиција за да го подигне куршумот, кој е оставен на неколку чекори после капијата за влез во дворот, а пред вратата за влез во домот. Извесно е дека крим-техника од МВР ќе врши истрага и ќе се проверуваат трагите.

Во моментов има меѓупартиски несогласувања во Алијанса за Албанците, каде што Таравари бара приклучување кон опозицијата, додека поранешниот лидер на партијата Зијадин Села не се согласува со тоа.