В петок Зоран Заев според најавите ќе ја ефектуира партиската оставка, по што треба да стартува и процесот за внатрепартиските избори, на кои ќе се избере новиот претседател на СДСМ, кој според Заев треба да биде и премиер.

Според дел од информациите, дел од сопартијците на Заев планираaт повторно да се обидат да го премислат, особено поради фактот што се уште нема одлука дали Алтернатива ќе влезе во владата.