Запалениот македонски автобус во кој загинаа 45 патници, а седум се повредени вечерва под силно полициско обезбедување беше отстранет од автопатот „Струма”.

Автопатот е пуштен за сообраќај на 32-иот километар каде што се случи големата автобуска несреќа и тоа во насока кон Софија, информира вечерва Бугарската национална телевизија (БНТ).

Движењето кон Дупница останува затворено и сообраќајот се одвива преку друга одобрена маршута Даскалово-Перник-Радомир до Дикан.

Сообраќајот на делниците го регулира бугарската сообраќајна полиција.