Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, осуденик на издржување казна затвор во КПУ „Затвор Идризово“ – Скопје, на 31 мај тешко телесно повредил друг осуденик.

Физички го нападнал во затворот со тупаници и клоци, а од нанесените тешки повреди оштетениот починал на 22 јуни.

Бидејќи постојат околности што укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и опасност тој да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.