Во Кипар е откриена нова варијанта на коронавирусот. Тој е наречен Делтакрон, бидејќи претставува комбинација на постојните, Делта и Омикрон.

Новиот сој е идентификуван во Лабораторијата за биотехнологија и молекуларна вирусологија на Универзитетот на Кипар, соопшти нејзиниот раководител проф. д-р Леонтиос Кострикис. Во текот на декември биле извршени продлабочени генетски анализи на 1377 теста а кај 25 од нив е откриен новиот вид на ковид-19. Сите тестови биле од хоспитализирани пациенти.

Бидејќи се базира на Делта сојот а бидејќи содржи и генетски мутации на Омикрон, научниците го нарекле Делтакрон (Deltacron).

Кипарскиот министер за здравство Михалис Хаџипанделас вели дека новиот вид не треба да загрижува бидејќи е комбинација од две веќе познати мутации на коронавирусот.