Основниот суд Скопје 2 отвори стечајна постапка за веќе згаснатата телевизија 1 ТВ, чиј неформален сопственик беше обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски. За стечаен управик е назначен Ацо Петровски, кој го водеше стечајот за А1 телевизија.

Од граѓанскиот суд за „Фокус“ потврдуваат дека на денештното рочиште е отворена постапката, но отворените прашања за доверителите на кои им должи телевизијата, ќе се знаат на следното рочиште.

-Испитното рочиште и извештајното собрание е закажано за ден 26.03.2020 година. На овој датум дополнително ќе бидете информирани по однос на прашањето кои ќе бидат
доверители во стечајната постапка и на кој начин истите ќе се намируваат“, велат од Судот.