ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги утврдува кандидатските листи за претстојните избори, закажани за 12. април. Неофицијално ова се носителите на изборните единици:
ИЕ1 Гордана Сиљаноска,
ИЕ2 Владо Мисајловски,
ИЕ3 Игор Јанушев,
ИЕ4 Александар Николовски,
ИЕ5 Игор Дурловски,
ИЕ6 Дафина Стојановска
Иако генералниот секретар на партијата Игор Јанушев денеска рече дека носителите на изборни единици нема да бидат стари и компромитирани кадри, и како што рече тој, нема на никој начин да бидат кадри какви што нуди СДСМ, јавноста реагира токму на оваа листа сочинета од веќе стари и многу добро познати на граѓаните кадри на ВМРО-ДПМНЕ.