Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,64 отсто.

„Денешната одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати е резултат на зголемените берзански цени од изминатата недела. Растот на сите референтни цени на светските берзи следува по изјавата на министерот за енергетика на Саудиска Арабија, принцот Абдулаиз бин Салман, кој соопшти дека Саудиска Арабија ќе ги надмине договорените квоти на кратење, со цел да ја задржи сопствената економија и пазарот со нафта, по што од вторникот цената на нафтата Брент на берзите порасна за 5 отсто и истата има вредност над 53 УСД $/t.“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,888 ден/кг и ќе изнесува 29,651 ден/кг.

Од 12.1.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 62,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 63,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 29,651 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзибележат зголемување:бензинот за 5,431 отсто, дизелот за 2,43 отсто, екстра лесното масло 2,872 отсто и мазутот 5,156 отсто.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,494 отсто.