Недвижнините во Шпанија се познати по високата цена, па се повеќе млади луѓе се принудени да живеат со родителите бидејќи кириите се превисоки.

Младите во Шпанија би требало да добиваат пари за да се иселат од родителскиот дом и да можат на некое друго место да плаќаат кирија, рекол премиерот на владата на Шпанија Педро Санчез.

Санчез предложил да им бидат уплатени по 250 евра на сметка на младите на возраст од 18 до 35, за да им се помогне во плаќањето кирија за стан.

Другите предлози исто така вклучуваат и ограничување на висината на киријата за оние станодавци кои поседуваат повеќе недвижнини, а се со цел да им се помогне на ранливите семејства и младите да живеат во големите градови.

“Ни недостасуваат кохезивни и одржливи градови кои се чисти и погодни за еманципација на младите”, рекол Санчез на првиот Шпански форум за урбанизација.

Недвижнините во Шпанија се познати по високата цена, па се повеќе млади луѓе се принудени да живеат со родителите бидејќи кириите се превисоки, платите ниски, а стапката на невработеност висока. Во просек, луѓето во Шпанија си одат од родителскиот дом на 30 години, а во ЕУ тој просек е 26,4 години.

Овој закон е предложен во време кога Европејците се соочуваат се поголема криза.