Трагичен случај во светиниколското село Стањевци – 72-годишен овчар изгорел во оганот што сам го запалил, објави СДК.мк.

72-годишниот Б. Н. од ова село ги пасел овците во блиските ливади и запалил оган, од којшто подоцна настрадал. Изгореното тело го пронашол неговиот син, кога го барал затоа што не се вратил ниту тој, ниту овците што ги пасел.

СВР Штип го потврдија случајот, но не откриваат повеќе детали. Полицијата претпоставува дека од сплет на несреќни околности овчарот паднал во оганот што го запалил за да се стопли.