Професорот Мицковски рече „Дајте ми 82 глас и ќе го вратам името“, тоа е еден од условите да се врати името. Меѓутоа политичкиот аналитичар Александар Пандов смета дека и 111 гласови некој да освои името нема да го врати.

„Не е паметно професорот Мицкоски да излезе сега во кампања да бара 81 гласови само како услов да ги добие да го промени Преспанскиот договор“ – рече Пандов во најновото издание на емисијата на Васко Ефтов.

Новинарот Ефтов во емисијата порача дека сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во присуство на лидерот Мицкоски гласале Република Северна Македонија да стане земја членка на НАТО.

Подоцна Мицкоски пишува „дисидентите, затоа што ја сакаат мајка Македонија“ на фотографијата со Рашела Мизрахи.

„Тоа е контрадикторност максимална, човекот не знае кај тера. Ја туркаат Мизрахи во оган и глумат десиденти. Од кого може да биде Мицкоски десидент“ – констатира Ефтов.