Проф. д-р Никола Пановски во вечерашното издание на “Топ тема” на Телма телевизија објасни дека најголема штета на ситуацијата со епидемијата прават оние кои не ги почитуваат мерките, а според него најстрашна е онаа категорија која воопшто не верува дека коронавирусот постои.
“Верувајте има и доктори кои не веруваат во коронавирусот и до тој степен не знаат колку не знаат што и на Фејсбук пишуваат за тоа. Исто како што гледаме сè уште слики дека по населби се прават родендени со 50 луѓе. Замислете до каде е работава кога лидер на партија вели дека не ги знае мерките, а професор е на факултет и тој со него од МВР исто не ги знае мерките, што останува на населението тогаш, треба да ги разбереме луѓето. Ако тој вика не знам какви се мерките во ресторан и дека не може да седи внатре, како тогаш очекуваме други да ги знаат мерките?!
Јас чекам од опозицијата да даде мерки, многу ретко дава мерки бидејќи докторите излегуваат и за Заев зборуваат. Што има доктор стручњак да зборува за Заев, а зборува за епидемија? Еве јас кажувам што требало да се направи пред две недели, а што треба да се направи сега. Тие ја имаат таа сила да побараат нешто да се направи. Кажуваат за некакво тестирање, а и самите не знаат за кое тестирање, кој да се тестира? Малку ли се тестираат по 1200 на ден? Кои се тие што се испуштени што не се тестирани? И тука е измешана таа техничка влада која има проблем во функционирањето” – истакна Пановски.