Владата ќе им додели еднократна парична награда во висина од 30 илјади денари на седумте пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување кои отстранија над 7.000 парчиња или 52 тона гаранти во близина на Градскиот стадион во Битола.

Одлуката е донесена на денешната седница на предлог на премиерот Зоран Заев.