Над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари е запленет од страна на царинските службеници при влез на граничниот премин Богородица, со што воедно е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари.
Златото е откриено при личен претрес на еден патник, кој се обидел накитот да го скрие во внатрешниот дел на панталоните и долната облека што ги носел на себе.
Тоа било спакувано во четири кеси во кои имало 60 синџирчиња, 13 прстени, 128 обетки и 48 белезици.
Златото ќе биде предадено во Народната банка, а против патникот ќе биде поднесена кривична пријава.