Претседателот Стево Пендаровски во Трилинг на ТВ 24 истакна дека прогласувањето на кризната состојба било неопходно за да се овозможи подобро користење на сите ресурси на државата вклучувајќи ја и Армијата, но и приватните здравствени установи за справување со коронакризата. Вонредна состојба, потенцира, не е потребна затоа што има функционален Парламент.
-Ако се влоши ситуацијата, нема да одиме кон вонредна ситуација, туку во рестрикција на движењето на граѓаните, односно полициски час, рече Пендаровски.
Претседателот потенцира дека прогласувањето на кризната состојба подразбира и можност државата во овие 30 дена да менаџира со приватните ресурси за справување со стуацијата, иако како што вели, можееби до потреба за такво нешто нема да дојде.