Опозицијата во еден момент навистина имаше 61 пратеник со потпис, нема дилеми околу тоа. Сосема легитимно е после изгласување на недоверба на владата, мандатот да се даде на партијата која е следна по број на гласови, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, изјави претседателот Стево Пендаровски.

-Доколку изгласаа недоверба на владата и притоа имаа и 61 пратеник за втората фаза а тоа е избирање на нова влада, ќе беше доволен еден телефонски повик од лидерот на најголемата опозициска партија и тука немаше дилеми. Уставот не остава маневарски простор да се мисли. Уставот вели дека мандатот мора да се даде на оние кои го имаат мнозинството, вели Пендаровски.