Во рамки на официјалната посета на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Дуда положија венци на гробот на Гоце Делчев, во црквата Св. Спас во Скопје.

Претходно, претседателот Стево Пендаровски, во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Дуда, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Република Полска, претседателите имаа заедничка прес-конференција.