Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски му врачи Орден за заслуги на актерската легенда Гоце Тодоровски.

– Бард на македонското глумиште и еден од нашите најпочитувани и најпознати актери со извонредна кариера и богата биографија. Препознатлив по ведрината и енергичноста на сцената, но и по неговиот високо професионален однос кон работата, стои во објавата на Пендаровски на фејзбук.
Тодоровски рече дека тој е еден вид мал просветител и дека чувствува почит од сите.

– Нашата работа е занает кој се усовршува и талентот си го прави своето. Јас се уште имам желба да работам, рече тој.