Во Вила Водно во тек се средбите на претседателите на Северна Македонија и на Полска, Стево Пендаровски и Анджеј Дуда и придружните делегации.

Полскиот претседател кој престојува во официјална псоета на земјава, беше пречекан од Пендаровски со со највисоки државни и воени почести.

– Добредојде за полскиот претседател Анджеј Дуда. Церемонија со највисоки државни и воени почести по повод неговата официјална посета на Северна Македонија. Со заеднички напори и посветеност изградивме одлични македонско-полски односи и плодна соработка во изминатите години, врз основа на меѓусебна почит и традиционално пријателство, напиша претседателот Пендаровски на фејсбук по пречекот на неговиот полски колега.

Предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка прес-конференција.

Пендаровски и Дуда ќе присуствуваат и ќе имаат обраќања на Македонско-полдкиот бизнис форум што ќе се одржи во хотел Мериот, а ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“.

Во рамки на официјалната посета на Република Северна Македонија, претседателот Дуда ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со претседателот на Владата Зоран Заев.