Денеска одбележуваме 16 години од смртта на прерано и трагично загинатиот претседател Борис Трајковски и членовите на неговиот Кабинет и мои некогашни колеги, напиша претседателот на државата Стево Пендаровски на својот ФБ профил.

Претседателот Трајковски секогаш ќе го паметиме по неговата визија за успешна Македонија, неговата клучна улога во процесот на помирување и склучувањето на Охридскиот рамковен договор и неговата непосредност и ведрина. Денеска им оддаваме чест на Претседателот Трајковски и членовите на Кабинетот со полагање цвеќе кај Ротимље и на местата на нивните вечни почивалишта. Слава им, секогаш ќе живеат во нашите спомени, порача Пендаровски.