Претседателот на државата Стево Пендаровски утре ќе му го додели мандатот на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски за состав на нова влада, потврдија од претседателскиот кабинет.

Инаку, Ковачевски доби поддршка од Централниот одбор на СДСМ да биде мандатар за состав на нова влада, која, како што посочи Ковачевски, ќе биде формира до крајот на јануар.

Во меѓувреме, спикерот Талат Џафери изјави дека за новата Влада ќе се гласа на 15 или 16 јануари.