ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази, обидувајќи се да го дискредитира претседателот Стево Пендаровски и неговиот кредибилитет, се вели во писмената рекација од претседателскиот кабинет по обвинувањата кои утрово пристигнаа од опозициската партија упатени на негова адреса дека се пишманел околу кандидатурата за втор мандат.

-Со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне ништо. Граѓаните добро знаат кој е претседателот Пендаровски, кој е постојано транспарентен, отворен и меѓу граѓаните. Доколу се сериозна политичка опција која има понуда за граѓаните, им препорачуваме да се фокусираат на тоа, отколку на малограѓанско политиканство