Над 330.000 пензионери на своите сметки ќе ги добијат пензиите за месец февруари.

Исплатата на пензиите ќе се изврши утре, на први март, но некои од банките исплатата на пензијата ја извршија утрово.

Од следниот месец сите пензионери ќе го добијат и законското усогласување на пензиите кое овој пат ќе изнесува 5 проценти како што најави техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.