Во Полициската станица Кратово вчера во 17 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кратово – Чатал, кај кратовското село Туралево, патничко моторно возило „цитроен“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од И.М.(44) од Кратово, удрило во пешакот Д.Ф.(35) од Пробиштип.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кратово.